Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска се очекува пресуда за „Диво Насеље“

Денеска се очекува пресуда за „Диво Насеље“

Основниот суд Скопје 1 денеска треба да ја соопшти одлуката за 37-те обвинети за тероризам и терористичка организација на кој им се суди за терористичките напади во  „Диво Насеље“ во Куманово од мај 2015 година. 

Во нападите во Куманово на 9 и 10 мај 2015 година загинаа 8 припадници на безбедносните сили, а околу 40-тина беа повредени. 

Во судскиот процес обвинетите скоро на секое рочиште бараа во судница да се појават, како што ги нарекуваат, организаторите на целиот настан, споменувајќи ги имињата на Сашо Мијалков, Гордана Јанкуловска, Али Ахмети, Никола Груевски и Артан Груби. Обвинетите вакво барање упатија и до судот, но предлогот овие лица да се сослушаат како сведоци беше одбиен.

Судскиот процес започна на 9 февруари 2016 година. МВР и за денеска најави зголемени безбедносни мерки поради закажаното судско рочиште и пренасочување на сообраќајот по дел од крстосниците низ Скопје.

Слично

Поврзани вести