Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска се носи одлука дали ќе се затворат границите кон Србија и Косово

Денеска се носи одлука дали ќе се затворат границите кон Србија и Косово

По најава на Министерството за здравство, денеска Комисијата за заразни болести на состанок ќе разговара за евентуално повторно воведување режим со границите на Србија и Косово или дури и затворање на граничните премини со овие две земји, со оглед на развојот на ситуацијата со корона вирусот во соседството.

- Комисијата за заразни болести активно ја следи епидемиолошката состојба со корона вирусот во регионот и соседните земји и можното враќање на мерките е во насока на превенција од потенцијални ризици по здравјето на населението во Северна Македонија. По состанокот на Комисијата за заразни болести, Министерството за здравство ќе информира за одлуките на комисијата, гласи соопштението на Минситерството за здравство.

Инаку Министерот за надворешни работи Никола Димитров одговарајќи на новинарско прашање вчера рече дека единствен критериум при носењето на одлуката ќе биде епидемиолошката слика кај соседите.

- Ја следиме состојбата во сите земји и врз основа на препораката на Комисијата за заразни болести ќе ги носиме одлуките. За прашањето на границите нема политика, клучниот критериум е епидемиолошката слика. Препораката на ЕУ визави границите, клучниот критериум е блсику до 20 нови случаи регистрирани во последните 14 дена на 100.000 жители. Ова се однесува на несуштински патувања. Ние ќе бидеме во блиски консултации со сите земји од интерес, рече Димитров.


Слично

Поврзани вести