Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска се чека одлуката на Стразбур за аболицијата на Ѓорѓе Иванов

Денеска се чека одлуката на Стразбур за аболицијата на Ѓорѓе Иванов

Европскиот суд за човекови права денеска во Стразбур ќе одлучи дали биле неосновано гонети 56 лица кои беа аболирани од поранешниот претседател Ѓорѓе Иванов. 

Станува збор за голем број судени и осудени во случаи на некогашното Специјално Јавно Обвинителство. Обвинетите кои се жалат во Стразбур ги застапува сопругот на поранешната министерка Гордана Јанкуловска.

Најзвучни имиња се поранешниот премиер Никола Груевски, министрите во неговата влада Гордана Јанкуловска и Миле Јанакиески и првиот човек на Управата за безбедност и разузнување Сашо Мијалков. 

Засега не е познато како ќе се толкува одлуката на Стразбур, но постојат индикации дека актот ќе придонесе голем број на случаи да застарат. 

Грчкиот суд ја одби екстрадиција на поранешните разузнавачи Горан Грујовски и Никола Бошковски токму со практиката на ЕСЧП во Стразбур дека еднаш дадено помилување не може да се повлече.

Слична одлука донесе и Шведска кога одби екстрадиција за еден од обвинетите од СЈО. 


Слично

Поврзани вести