Денеска распишување на референдумот, власта не се откажува од опозицијата
Денес во Собранието на РМ започнува постапката за распишување на рефередндумот за името иако до сега не е постигната никаква согласност помеѓу владеачката коалиција и опозицијат за референдумските детали. Од распишувањето на референдумот и конституирањето на Државната изборна комисија самиот референдум не смее да се закажува пред да изминат 69 дена, па според најавите на премиерот Зоран Заев дека гласањето ќе биде на 30 септември, се очекува тоа да се случи токму денес.
Од владејачкиот табор велат дека денеска ќе се знае конечно како ВМРО-ДПМНЕ ќе се постави во однос на распишувањето на референдумот, односно дали нејзините пратеници ќе учествуваат во донесувањето на одлуката за тоа.
Од редовите на СДСМ оставаат простор ВМРО-ДПМНЕ да даде поддршка на референдумското прашање, иако досега нема декларација дали ќе повикаат на излезност или не.
Според владеачкото мнозинство, тоа ќе и нанесе штета на европската и евроатлантската иднина на државата.
Потпаролот на ВМРО-ДПМНЕ, Димче Арсовски, не даде одговор на прашањето дали опозицијата ќе учествува на седницата за распишување на референдумот која е најавена за денес.Опозициската партија и покрај најавите дека Собранието ќе го распише референдумот токму денес, вели треба да се исполнат комулативни услови, односно 50% плус еден од запишаните избирачи да излезат да гласаат, а пак повеќе од 50% од нив треба да гласаат „за“. На последната лидерска средба, претседатеот Христијан Мицкоски рече дека со власта се разидуваат во мислењата за тоа како треба да гласи референдумското прашање на кое граѓаните ќе треба да се произнесат.
Во меѓувреме партиите се усогласија со предлозите и составот на ДИК, кој треба да биде организатор на референдумот. Конститутивната седница на Комисијата треба да се случи по распишувањето на референдумот.
Владата на седница веќе донесе одлука од Буџет на РМ да и се доделат средства на ДИК за организација на референдумот. Организација на парламентарни, локални и претседателски избори досега чинело од 2,5 до 7,5 милиони евра, па се очекува трошоците да изнесуваат во овие рамки.
