Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска протести на опозицијата во Струмица

Денеска протести на опозицијата во Струмица

Опозициската ВМРО-ДПМНЕ денеска во 13 часот ќе одржи протестен марш во Струмица.

„СДСМ е целосно избезумен и без компас. СДСМ е заразен со синдромот Заев. Во 15 реда успеваат да излажат и потоа да се демантираат. Пред да пуштат апсурдно и неиздржано соопштение со кое што сакаат да ја манипулираат јавноста, добро е да се договорат дали Струмица е европски град или намерно заборавен град“, велат од ВМРО-ДПМНЕ.

Ниту едно соопштение од СДСМ, велат од таму, нема да го скрие фактот дека Зоран Заев ја понижи Република Македонија и трајно ги наруши нашите меѓународни позиции.

Инаку вчера Петар Богојевски, кој беше фракционер за реформи во опозициската партија, при гостување во ТВ21 рече  дека процесот до вклучување во НАТО ќе биде долг, а во договорот постигнат со Грција оставен е  простор за нови пречки од Атина.

„Во сиот тој процес ние имаме сериозен проблем, а тоа е можноста Република  Грција да не го ратификува претпристапниот протокол на РМ и повторно да искористи можност да стави вето на приемот на нашата земја“, додава Богојевски.

Богојевски забележа дека владата во текот на преговорите со Грција ја исклучи ле опозицијата и претседателот на државата.

„Во оваа партија шах СДСМ не донесе во пат позиција. Сега ниту може без ВМРО ДПМНЕ да се донесе ДИК и да се спроведе референдум , ни тој референдум е возможен без согласност на сите граѓани, без консензус во општеството и без консензус меѓу политичките субјекти“, посочи Богојевски.


Слично

Поврзани вести