Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска протест против крстот на Попова Шапка, Ангелов повика на што помала излезност

Денеска протест против крстот на Попова Шапка, Ангелов повика на што помала излезност

За денеска е најавен протест пред Општина Тетово.за поставувањето на 15-метарскиот крст на земјиште на манастирскиот комплекс Свети Наум на Попова Шапка

Општинскиот инспекторат веќе објави дека има одлука за отстранување.Одлуката е дека треба да се урне монтажниот објект заедно со 5.000 други објекти, без да се прецизира кога точно тоа ќе се случи.

Лидерот на „Достоинство“, Стојанче Ангелов, денеска ги повика сограѓаните Албанци да излезат во што помал број

„Колку помалку наши сограѓани Албанци дадат подршка на денешниот протест против крстот на Попова Шапка, толку поголемо ќе биде моето уверување дека има надеж за натамошно помирување и заеднички (со)живот со Албанците во Македонија.

Инаку, денот, времето и местото на протестот, после пладневната петочна молитва во Тетово, се намерно избрани да повлечат што повеќе луѓе. Затоа, во име на нашата заедничка иднина, ги повикувам нашите сограѓани Албанци да не даваат подршка на овој протест и да не подлегнуваат на провокации кои некој свесно, намерно и упорно ги предизвикува подолг период“, искоментира директорот на Центарот за управување со кризи.
Во политичките кулоари, владеачката коалиција ги обвинува БЕСА и ВМРО-ДПМНЕ дека намерно подгреваат инциденти заради политичко профитирање од ниски страсти.

Слично

Поврзани вести