Денеска пресуда за ТНТ
Денеска се очекува првостепена пресуда за случајот ТНТ на поранешното Специјално јавно обвинителство во кое се обвинети поранешниот премиер Никола Груевски, поранешниот министер за транспорт и врски Миле Јанакиески, екс-градоначалникот на Гази Баба, Тони Трајковски и вработени во општината.
Станува збор за предметот за одмаздничко уривање на инвестицијата „Космос“ на бизнисменот Фијат Цаноски кој претходно ја раскина коалицијата со тогаш владеачката ВМРО-ДПМНЕ.
По сослушувањето на сите сведоци, денеска во Основниот суд Скопје 1 ќе има сослушување на сите обвинети, освен на пребеганиот азилант Груевски. Закажаноро сослушување на обвинетите е во 9.30 часот изутрина, по што следуваат завршни зборови и пресуда.
Одбраната вчера по закажаното рочиште реагираше дека следува само 13 часа во однос на претходното, додека судијата Огнен Ставрев напоменал дека во интерес на обвинетите е процесот побргу да заврши.
