Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска пресуда за екс-директорот на АД ЕЛЕМ во случајот „Тарифа“

Денеска пресуда за екс-директорот на АД ЕЛЕМ во случајот „Тарифа“

Денеска во кривичниот суд ќе биде објавена пресудата за случајот „Тарифа“ на на поранешното Специјално јавно обвинителство по завршните зборови на двајца бранители и обвинетите на претходното рочиште пред две недлеи.

Обвинети во предметот „Тарифа“ се поранешниот генерален директор на АД ЕЛЕМ, Дејан Бошковски, Методиј Стојменовски и Ненад Ѓорѓовски. Предметот го суди судијката Софче Гаврилова-Ефремова.

Според СЈО, тие незаконски набавиле софтвер за потребите на компанијата во вредност од четири милиони евра. Обвинетите со неизвршување службена должност овозможиле правното лице „ЕРП систем“ да се квалификува во втората фаза на јавната набавка иако немало доставено комплетна документација. Според обвинението, тројцата обвинети причиниле имотна штета на компанијата од 456.560 евра.

Сите обвинети на почетокот на судењето кое започна пред точно две години се изјаснија дека не се чувствуваат виновни. 

Доколку бидат осудени, на Бошковски, Стојменовски и Ѓорѓовски им се заканува казна затвор од најмалку пет години.


Слично

Поврзани вести