Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕНЕСКА ПОВТОРНО МАГЛА И СОНЦЕ, ПОПЛАДНЕ ДОЖД И ВЕТЕР, од утре се зголемува облачноста и врнежите со дожд и снег

ДЕНЕСКА ПОВТОРНО МАГЛА И СОНЦЕ, ПОПЛАДНЕ ДОЖД И ВЕТЕР, од утре се зголемува облачноста и врнежите со дожд и снег

Претпладне по одделни котлини со појава на магла и ниска облачност. Попладне најпрво во западните, а во текот на ноќта и во останатите делови ќе има повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието засилен ветер од југоисточен правец.

Во Скопје претпладне со појава на магла, кон крајот на денот и во текот на ноќта со повремени врнежи од дожд.

Утринските температури ќе се движат од минус шест до три степени, додека пак во текот на денот тие ќе бидат во искачување, и ќе се движат во интервал од пет до 10 степени. 

Во текот на утрешниот ден не очекува зголемена облачност и врнежи. Како што најавуваат од УХМР, ќе имаме претежно облачно време со повремени врнежи од дожд, а на планините од снег. Ќе дува умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. Од попладневните часови, особено во западните делови врнежите од дожд ќе преминуваат во снег и во некои од повисоките места.

Во Скопје претежно облачно со повремени врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од северозападен правец.

Температурите ќе бидат во сличен интервал, утринските максимално ќе се искачат на два степени, додека пак дневните ќе достигнат до 10 степени. 

Слично

Поврзани вести