Денеска повеќе оздравени, отколку новозаболени
Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа регистрирани се 285 нови случаи на КОВИД-19 и има пет починати лица.
Скопје ја предводи листата со 110 новозаболени, пред Битола – 30, Прилеп – 24, Кочани – 20, Велес – 17, Куманово – 16, Тетово – 10 итн. Регистрирани сe 328 оздравени пациенти.
По 2 починати лица има од Скопје (72г и 91г) и Велес (72г и 87г), а едно починато лице е од Берово (79г). Од пријавените лица сите се починати во болнички услови.
Пријавени се и три починати лица со датум на смрт од 22 до 26 октомври. Регистрирани се починати лица од Скопје (2) и Кочани (1), на возраст од 72-85г, од кои едно лице е починато во домашни услови, а 2 лица се починати во болнички услови.
Слично
