Денеска попладне погребан беше Љубисав Иванов, од него се простуваа политичари и деловни луѓе
Денеска точно на пладне на гробиштата во Кратово беше погребан Љубисав Иванов Ѕинго, поранешниот градоначалник и пратеник во Собранието, кој вчера почина на 84 годишна возраст.
Покрај најблиските и сопартијците од Социјалистичката партија на Македонија, на чие чело беше Ѕинго, присутни беа и коалиционите партнери од ВМРО-ДПМНЕ предводени од лидерот Христијан Мицкоски и потпретседателите Александар Николоски и Владо Мисајловски.
Со оглед на тоа што Иванов беше и стопанственик, на погребот присуствуваа и личности од деловната заедница како и претставници од рударско-индустрискиот комбинат „Силекс“.
Последна почит на покојниот му оддадоа и претставници од другите сфери во кои делуваше, како во спортот, туризмот и медиумите.
А.К.
