Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска попладне Неделков ќе биде достапен да каже дали ќе има настава

Денеска попладне Неделков ќе биде достапен да каже дали ќе има настава

Претседателот на Синдикатот за образование, наука и култура Јаким Неделков од денеска попладне, според претходната најава што ја упати, ќе биде достапен за јавноста и ќе сподели информации дали и утре ќе продолжи штрајкот на происветните наставници, односно во суштина дали ќе има или не настава за учениците.

На последниот состанок во Владата е договорено во наредните денови да се утврди процентот за зголемување на платата кое ќе се испланира и потенцијално реализира со ребалансот на Буџетот, по што учениците од основното и средното образование од понеделник би се вратиле во училишните клупи, а децата од предучилишното воспитување и згрижување во градинките. Дополнително се разговарало веднаш да почне сеопфатен дијалог со активно учество на синдикатот за трајно решавање на континуираниот раст на платите. 

Претседателката на Комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ Весна Јаневска испрати порака до министерот за образование Јетон Шаќири дека наставниците не го прифаќаат предлогот за 10% покачување на платата.

- Цела Македонија се обединила околу платата на наставниците. Конечно и наставниците праќаат гласна порака дека и тие се значаен чинител во општеството. Наставниците истрајни, Владата сè уште несвесна за тоа што се случува. Обидите за кршење на штрајкот не успеваат, наставниците на притисоците не попуштаат. Министре итно прифатете 18% покачување, затоа што наставата е приоритет, како што и Вие пет дена тврдите, пишува јенвска на Фејсбук.

Пратеничката од редовите на СДСМ, Даниела Николова, вчера упати апел до челниците на СОНК да се вратат на дијалогот и наставата да продолжи, со став дека ќе се најде решение кое е во интерес на наставниците.

Таа воедно истакна дека не треба се дозволи наставата да се пролонгира и со тоа да се загрозат уписите, државната матура како и полагањето стручен испит на петстотини наставници.

– Училишната година мора да продолжи да се одвива непречено, што е особено важно затоа што зад нас имавме две училишни години во пандемија со коронавирусот кога учениците следеа онлајн настава или комбинирана настава. Правото на штрајк е уставно загарантирано, но наставниците треба да се водат и од интересите на нивните ученици, изјави Николова.


Слично

Поврзани вести