ДЕНЕСКА ПАЃААТ ОСТАВКИТЕ НА ПРЕМИЕРОТ И ПРЕТСЕДАТЕЛОТ НА СОБРАНИЕТО - еве кои се номинациите за техничката Влада
Денеска утрово ќе поднесат оставки првите луѓе на Владата и на Собранието, Димитар Ковачевски и Талат Џафери. Така што, од денеска па до недела, нашата држава ќе добие нов претседател на Собранието и нова Влада.
За утре е закажана седница на која Собранието ќе ги констатира оставките, а за претседател на Собранието ќе биде избран Јован Митрески, координатор на пратеничката група на СДСМ. По ова, треба да се извести шефот на државата Стево Пендаровски дека целата Влада е во оставка, по што СДСМ ќе му го предложи Талат Џафери за нов мандатар.
Во недела, пак, ќе се одржи седницата за избор на техничката Влада, а подле неа треба да се одржи уште една седница за избор на дополнителни заменици министри.
Мандатарот ќе ги дфобие предлозите за министри и дополнителни заменици што ќе ги дадат партиите од власта, но и двајца министри и тројца заменици од ВМРО ДПМНЕ.
Дел од медиумите јавија дека во техничката влада Бојан Маричиќ ќе биде прв вицепремиер задолжен за европски прашања, додека Артан Груби останува вицепремиер и министер за политички систем и односи меѓу заедниците.
ВМРО-ДПМНЕ, пак, вчера ги претстави своите кадри. Панче Тошковски, адвокат и претседател на Правната комисија на ВМРО-ДПМНЕ, ќе биде кандидат за министер за внатрешни работи. Ѓоко Велкоски, пак, ќе се номинира за местото министер за труд и социјална политика. Велковски порано бил вработен во ова министерство, а сега е ангажиран во општина Гази Баба. Велковски е екс генералниот секретер на град Скопје. За нов дополнителен заменик министер за финансии е предложена сосема ново решение кое е на професионална основа. Тоа е Елена Петрова, дипломиран економист со над 25 годишно работно искуство во Управата за јавни приходи. Цветан Трипуновски е предложен за дополнителен заменик министер за земјоделство, шумарство и водостопанство. За нов дополнителен заменик министер за информатичко општество ќе биде предложен Стефан Андоновски, досегашен меѓународен секретар на партијата и советник во Советот на Град Скопје.
