Денеска очекувајте врнежи од дожд
Се очекуваат врнежи од дожд. Најтопло денеска ќе биде во Дојран каде се очекуваат температури до 31 степен.
Попладне и ноќеска претежно во западните делови на Македонија ќе има врнежи од дожд. Утре времето ќе биде променливо облачно со сончеви периоди. Утре во западните делови ќе има услови за локален дожд. Ќе дува умерен, во западните делови засилен југозападен ветер. Дневните температури ќе бидат во интервал од 19 до 33 степени.
Слично
