ДЕНЕСКА НОВО ЗАДОЛЖУВАЊЕ: Кредити и до 2030 та година!
Владата денеска планира да се задолжи со нови 33 милиони евра. Се работи за задолжување од домашни кредитори што ќе го спроведе преку продажба на државни харии од вредност. Според објавените податоци во Проспектите за задолжување на министерството за финаинсии, државата продава обврзници со рок на доспевање од една, десет и петнаесет години.
По трет пат Владата продава обврзница која ќе доспее за отплата во 2030 година. Од оваа обврзница планира да обезбеди скоро 10 милиони евра. Најголем дел од парите, односно скоро 18 милиони евра, планира да ги обезбеди од продажба на едногодишна обврзница а остаокот од 5,5 милиони евра преку продажба на обврзници со рок на доспевање во 2025 та година, односно за десет години.
Владата и минатата недела спроведе задолжување на домашен терен, но тоа беше интревентно задолжување кое не беше најавено во Календарот на министерството за финанасии. Дел од економистите коментираа дека вонредното задолжување е показател дека во буџетот има проблеми или пак тие на граница на ликвидност, па Владата прку интервентно задолжување ја држи состојбата под контрола. Од друга страна, министерот за финансии Зоран Ставрески неодмана оцени дека Буџетот е во добра кондиција и дека нема никакви проблеми со ликвидноста.
Според последните расположливи податоци, заклучно со декември, вкупниот Јавен долг изнесува 3,9 милијарди евра или 45,8% од БДП. Последните пресметки на минситерството упатуваат на тоа дека нивото на јавен долг од почетокот на годинава е намалено по одлуката за предвремено раздолжување на кредитот кон ММФ.
Утре по основ на доспеани обврски, Владата на кредиторите треба да им врати 47 милиони евра.
Слично
