Денеска немаше нови преговори за иднината на СЈО
Викендов партиите не успееја да обезбедат двотеринско мнозинство за законот за Јавното обвинителство. Најавената рунда преговори меѓу работните групи не се одржа.
Министерката Рената Дескоска не е оптимист дека во брзо време ќе изнајдат решение со Вмро-Дпмне за законот за СЈО. Таа во изјава за тв 21 рече дека амандманите на ВМРО ДПМНЕ се со цел да го уништат СЈО кое е дел од законот.
Со амандманите кои ги предложи ВМРО ДПМНЕ сепак се бара со рок да се ограничи постоењето на СЈО но и се останува на ставот дека државниот обвинител треба да е избран по предлог на најголемата опозициска партија. А пак, Вицепремиерот за европски прашања Бујар Османи смета дека се уште има простор за преговори меѓу партиите, но автономијата на СЈО и истрагите треба да продолжат.
Од ВМРО-ДПМНЕ за сега велат дека во моментов тече време за внатрепартиски договори.
Останува и неизвесно дали и ако се постигне договор за законот, спикерот Талат Џафери ќе одржи седница за негово гласање во време на предизборна кампања