Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска не заборавајте да понесете чадор

Денеска не заборавајте да понесете чадор

Доколку денеска планирате да излегувате на отворено задолжително со себе понесете си чадор.

Според метеоролозите за вториот ден од викендот не очекува променливо облачно и нестабилно време со поројни врнежи од дожд и грмежи, локално во форма на невреме со пообилни врнежи, засилен ветер и појава на град.

Дневните температури ќе се движат во интервал од 15 до 26 степени целзиусови. Најтопло и денес во југоистокот од земјава.

Под влијание на циклонска активност од Медитеранот во следните денови продолжува периодот на променливо и нестабилно време со пороен дожд и грмежи. Локално процесите ќе бидат поинтензивни, во форма на невреме со пообилни врнежи (над 20 л/м2), грмежи, засилен ветер и појава на град, особено денес.


Слично

Поврзани вести