Денеска на дневен ред на собраниска седница е интерпелација на министерот за внатрешни, Оливер Спасовски
На дневен ред на расправа на Спобрабнието, денеска, меѓу другите точки, е и интерпелацијата за работењето на министерот за внатрешни работи, Оливер Спасовски.
Од Собранието информираат дека претседателоит на Собранието, Талат Џафери, уште во петокот минатата недела, за денеска го свикал продолжението на 39 седница, на која една од точките е и интерпелацијата за Спасовски.
Предлогот за интерпелација е поднесен од пратениците Зијадин Села, Африм Гаши, Скендер Реџепи, Елми Азири, Сурија Рашиди, Халил Снопче, Илире Даути, Сафије Садики Шаини, Атнан Незири, Абдула Салиу, Артина Ќазими, Хусни Исмаили.
Предлогот за интерпелација е ставен како 31 точка, но пред него се голем број други точки, кои претходно ќе треба да поминат, а кои досега не се изгласани.
Во интерпелацијата, меѓу другото, како грев на Спасовски му се смета и бегството на Сашо Мијалков, кое се случило по она на Никола Груевски.
