Денеска Македонците минаа без формулари и биометриски отпечатоци низ границите со ЕУ
Од денеска 29 земји членки на Шенген зоната ќе започнат со постепено воведување на новиот дигитален Систем за влез/излез (ЕЕС) на граничните премини на нивните надворешни граници.
Според репортажата која што ја направи Сител, на враќање од Брисел и Виена, македнските граѓани рекле дека не им било побарано да пополнуваат никакви формулари ниту пак им бил побаран да ставаат биметриски отпечатоци.
Велат дека имало некаде поставено апарати за контрола но дека не функционирале. Поостапката ќе се спроведува постепено во наредните шест месеци, а за почеток проверките ќе траат по неколку часа во денот, а странките ќе се одбираат по случаен избор.
Со стапувањето во сила на ЕЕС системот земјите членки на Шенген зоната ќе започнат со електронско регистрирање на податоците на државјаните на трети земји што не се дел од ЕУ, меѓу кои и македонските граѓани, кога ги преминуваат надворешните шенгенски граници за престои до 90 дена. Имплементацијата на системот на сите копнени премини, аеродроми и пристаништа треба да заврши во период од шест месеци.
За време на периодот на постепено воведување на ЕЕС, земјите членки на Шенген зоната можат самостојно да одлучат на кои гранични премини ќе го имплементираат системот и кога. Целта на ваквиот пристап е да им се овозможи на граничните власти, транспортната индустрија и патниците да се прилагодат на новите процедури.
По истекот на шесте месеци, односно од 10 април 2026, ЕЕС системот ќе треба да се применува на сите гранични премини, а процедурата на ставање печати во пасошите ќе биде заменета со електронски записи во системот. Во текот на шестмесечниот транзициски период на ЕЕС практиката на ставање печати во пасошот ќе продолжи.
