Денеска ќе се вакцинира Љупчо Николовски
Следен од владините функционери кој ќе се вакцинира денеска против Ковид 19 е Љупчо Николовски, заменикот на претседателот на Владата задолжен за борба против корупцијата и криминалот, одржлив развој и човечки ресурси
Николовски ќе ја прими првата доза попладне околу 15.00 часот во А1 Арена „Борис Трајковски“, според соопштението од неговиот кабинет упатено до медиумите.
До сега од Владата се вакцинираа премиерот Зоран Заев, министрите Венко Филипче и Јагода Шахпаска, генералниот секретар Мухамед Зекири и првиот вицепремиер Артан Груби.
Слично
