Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска ќе се гласа: Судбината на Преспанскиот договор е во рацете на грчките пратеници

Денеска ќе се гласа: Судбината на Преспанскиот договор е во рацете на грчките пратеници

Се очекува денеска пред полноќ да се гласа Законот за ратификација на Договорот од Преспа во грчкиот Парламент. Седницата започна уште вчера, а по жестоката дебата излегоа информации дека е можно опозициската Нова Демократија повторно да бара гласање на довербата на Владата на Алексис Ципрас. Сепак доцна синоќа таа информација беше демантирана па така останува, дебата да трее и денеска, а гласањето да се случи некаде пред полноќ.

Вчера опозициските пратеници жестоко го критикуваа договорот, обвинувајќи го Ципрас дека прифатил позиции на штета на Грција. Бараа да ги видат целосните измени на македонскиот Устав.

Претседателот на грчкиот парламент Никос Буцис им порача дека доколку се случи нешто непредвидено, дискусијата наместо предвидените 28 може да трае и над 32 часа и дека одлуката е денеска да биде гласањето.  Заменик министерот за надворешни работи Јоргос  Катругалос, кој го бранеше договорот рече дека со него  Грција ја зајакнува својата дипломатска позиција во регионот. Тој им порача на пратениците дека нема никакви причини за страв и дека смешно е да се плашат од земја која е многу послаба. 

„Договорот од Преспа е прва превентивна, стабилна и мирна акција што се случи во овој регион“, изјави Атанасиа Анагностопулу од Сириза.

Јоргос Кумуцакос од Нова Демократија го нападна договорот и го оцени како погрешен.

На Твитер и јави и претседателот на Нова демократија, Киријакос Мицотакис  кој смета дека националните линии се прегазени. 

„Наместо да добиеме ерга омнес сложено име, дадовме ерга омнес македонски идентитет и јазик. Време е пратениците да ја преземат својата одговорност. Дали ќе кажат „да“ за нешто што претходните премиери рекоа „не“, искоментира Мицотакис.


Слично

Поврзани вести