Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска ќе биде погребан Никола Матлиески - Пашата, поранешен градоначалник на Охрид

Денеска ќе биде погребан Никола Матлиески - Пашата, поранешен градоначалник на Охрид

На Градските гробишта во Охрид денеска ќе биде погребан поранешниот градоначалник на нашиот бисер, Никола Матлиески – Пашата.

Како што објавија медиумите, Матлиески почина во саботата на 89 години. 

Тој беше градоначалник и го водеше Охрид во периодот од 1996 до 2000 година. 

Воедно Матлиески е познат и како успешен бизнисмен и стопанственик кој како раководител го издигна охридски „ЕМО“ во стопански гигант на просторите на поранешна Југославија, па и низ светот.

Посмртните останки на Никола Матлиески Пашата ќе бидат изложени во капелата на градските гробишта во Охрид од 12 до 12:30 часот.

Слично

Поврзани вести