Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска извештајот за Јанакиески и Спировски

Денеска извештајот за Јанакиески и Спировски

МВР денеска треба да го објави официјалниот полициски извештај за инцидентите со поранешните министри Миле Јанакиески и Спиро Ристовски веднаш по нивното притворување во истражниот затвор Шутка. 

Ѓорѓи Котевски, директорот на притворот пред да ја најави оставката рече дека институцијата ги доставила деталите до Министерството за правда, до Управата за извршување санкции и до Кабинетот на премиерот, најави дека ќе си поднесе оставка на функцијата.

Во текот на викендот се прегледуваа снимките на коишто се забележани направените пропусти на дел од затворското обезбедување, а извршена е и контрола на комуникацијата што Јанакиески и Ристовски ја имале по доаѓањето во затворот, како и постапките на припадниците на групата од „Диво насеље“, Есад Кафеѓоли и Лирим Красниќи, коишто учествуваа во инцидентите.



Слично

Поврзани вести