Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска и за викенд претежно сончево време

Денеска и за викенд претежно сончево време

Сончево со мала до умерена облачност ќе го одбележи последниот ден од 2021, како и викендот што следува по новогодишната ноќ.

Во текот на новогодишната ноќ ќе преовладува ведро време, со позитивни температури и со услови за појава на магла понекаде во котлините. Ќе дува слаб и умерен ветар по Повардарието.

Максималната дневна температура во Скопје ќе достигне 11 Целзиусови степени. Најтопло ќе биде во Дојран и Кавадарци, каде што температурите ќе достигнат 15, односно 13 степени. Невообичаено високи температури ќе има и во  Маврово 8, Охрид 11, Битола 8, Крива Паланка 9, Берово 10, итн.

За време на викендот дневните температури ќе се движат од 9, а некаде до 18 степени. Ветарот од север ќе биде умерен. Ќе има појкава на магла во котлините, а облаци само на одредени места повремено.



Слично

Поврзани вести