Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска и утре топло, во среда облачно

Денеска и утре топло, во среда облачно

Продолжува сончевото и релативно топло време со мала до умерена локална облачност. 

По одделни котлини и речни долини во ноќните и претпладневните часови ќе има појава на слаба магла и ниска облачност.

Денеска и утре ќе имаме сончево и топло време со максимални температури кои ќе се движат во интервал од 11 до 17 степени. Сончево и топло ќе биде и во вторник со дневни температури кои ќе достигнат до 10 односно до 16 степени, а во среда се очекува појава на локална облачност која што нема да влијае на максималните температури кои ќе останат непроменети во однос на претходниот ден и ќе се движат од 10 до 16 степени.

Во Скопје денеска и утре ќе биде сончево и тополо. Утринската температура ќе се движи од 1 степен, до максималната температура од 14 степени. Во вторник сончево и топло со температура до 13 степени. 13 степени се очекуваат и во среда кога ќе преовладува претежно сончево време со локална облачност и топло.

Слично

Поврзани вести