Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска екстремно топло време во Македонија

Денеска екстремно топло време во Македонија

Во земјава денеска времето ќе биде сончево и многу топло со мала до умерена облачност.

Температурата ќе се искачи и до 37 степени. Ова се натпросечни температури за овој период од годината. УВ индексот ќе има вредност 9. 

Кон крајот на денот не е исклучена изолирана појава на  краткотраен пороен дожд со ретки грмежи.

Во западните делови на Македонија ќе дува умерен ветер од западен, а во останатите слаб до умерен од северозападен правец.

Поради топлотниот бран Министерство за здравство препорачува избегнување директна сончева изложеност и престој на отворено од 11 до 17 часот, носење светла и лесна облека и консумирање лесна храна и течности.

Утре се очекува претежно сончево со локална облачност и топло време. Попладне во северозападните и североисточните планински пределиќе биде нестабилно со услови за локални врнежи од дожд. Минималните температури ќе бидат од 13 до 22 степени, а максималните дневни од 26 до 37 степени. Во недела претпладне ќе биде претежно сончево и многу топло, попладне во западните предели со услови за локални врнежи од дожд кои во вечерните часови ќе се прошират и во централните и североисточните предели. 

Слично

Поврзани вести