Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска е неработен ден за сите граѓани

Денеска е неработен ден за сите граѓани

Денеска е неработен ден во Макеоднија. 

Поради одржување на предвремени парламентарни избори, денешниот ден е неработен за сите граѓани и нема да се одработува. 

Владата одлучи дека оние институции, компании, фирми и организации кои ќе одлучат да работат денеска треба да пријават работа на неработен ден до Државниот инспекторат за труд.

Според Законот за работни односи и Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството, работодавачот на работникот е должен да му исплати надоместок и додаток на плата за работа на празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис, додаваат од Владата.

Сојузот на синдикатите на Македонија укажува на тоа дека согласно член 24 став 2 од Општиот колективен договор за приватниот сектор од областа на стопанството за работа во денови на празници и неработни денови утврдени со закон, работникот има право на надомест на платата што му припаѓа кога во тие денови не работи и плата за поминатите часови на работа  зголемена за 50% како и член 28, став 1, алинеа 5 „ Работодавачот на работникот му исплатува надомест на плата за - празници и неработни денови утврдени со закон или друг пропис. 

Слично

Поврзани вести