Денеска без автомобили во Скопје, изменет сообраќаен режим
Поширокото градско подрачје на Скопје денеска е под посебен режим на сообраќај поради одржување на трките од „Виз Ер Скопски маратон“.
Сообраќајот ќе се пренасочува по околните сообраќајници, информираат од Министерството за внатрешни работи.
Трасата на движење ќе ги опфати општините Центар, Карпош, Ѓорче Петров и Аеродром. Од МВР апелираат сите учесници во сообраќајот да ги почитуваат наредбите што ќе ги даваат униформираните полициски службеници по сообраќајницата каде ќе се одвиваат трките со цел безбедно и непречено одвивање на сообраќајот.
Ќе учествуваат 8.500 професионални и аматерски натпреварувачи од 47 држави. Организаторите апелираат до жителите на главниот град масовно да излезат на улиците и да им дадат силна поддршка на учесниците.
