Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денеска 345 новозаразени, од Ковид-19 починаа 8 пациенти

Денеска 345 новозаразени, од Ковид-19 починаа 8 пациенти

Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа се направени 2.455 тестирања, а регистрирани се 345 нови случаи на ковид-19. Во Скопје се регистрирани 129 случаи, Куманово-21, Дебар-9, Штип-12, Прилеп-26, Тетово-10, Струга-8, Велес-13, Битола-6, Охрид-23, Кавадарци-31, Гостивар-1, Гевгелија-7, Струмица-9, Крива Паланка-6, Радовиш-5, Крушево-4, Пробиштип-1, Виница-3, Делчево-2, Кратово-1, Кичево-1, Ресен-3 и Неготино-14.

Денеска Институтот за јавно здравје регистрира 289 оздравени пациенти.

Починати се 8 лица, еден пациент од Струга (69г), двајца од Велес (82 и 57г), еден од Битола (82г), еден од Гостивар (70г), еден од Гевгелија (78г), еден од Струмица (81г) и еден пациент од Валандово (48г). Пациентите се починати во болнички услови.

Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 86.494, бројката на оздравени пациенти е 67.453, на починати е 2.622, а бројот на активни случаи изнесува 16.419. 

Направените 2.455 теста се преку: ИЈЗ-650, ЦЈЗ Скопје-54,  Авицена-425, Биотек-245, МАНУ -105,  Жан Митрев (Филип Втори)-161, Систина со PCR метода -428, лабораторија Лаор –197, Судска медицина-0, ЦЈЗ Битола-78, Инфективна клиника-2, ГАК-0, Синлаб-29, Ремедика-0, лабораторија болница Козле-0, ЈЗУ (рапид тест) -81, УК Пулмологија со алергологија –0, лаборатории од странство-0. Досега во земјата се направени вкупно 417.212 тестирања на Ковид -19.

Слично

Поврзани вести