Денеска 101 новозаразени и петмина починати од корона вирусот: Епидемиолошката крива почна да опаѓа
Во последните 24
часа се направени 776 тестирања, а регистрирани се 101 нов случај на ковид-19.
Повеќе од половината нови позитивни повторно се во Скопје, каде се регистрирани
57. Во останатите градови бројот е: Куманово 13, Дебар 1, Штип 3, Тетово 19, Струг,
Велес 1, Битола 2, Охрид 1, Гостивар 1, Ресен 2
Починати се 5 лица, еден од Скопје, двајца пациенти од Куманово, еден пациент од Струга и еден од Гостивар. Досега во земјата се направени вкупно 51.160 тестирања на ковид -19. Вкупната бројка на ковид дијагностицирани во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 5106, бројката на оздравени пациенти е 1926, на починати е 238, а во моментов бројот на активни случаи во земјата изнесува 2942.
Слично
