Денес започнува скрининг-процесот, Дескоска прва виолина
Македонскиот преговарач со ЕУ, Бујар Османи, денеска и утре ќе води делегација од 40 члена во Брисел каде што ќе имаат можност да се информира како функционира правото во ЕУ, но се чини дека прва виолина ќе биде министерката за правда Рената Дескоска, затоа што се бараат итни реформи во борбата против корупцијата и етаблирање на независно судство.
Токму и затоа Дескоска е дел од деегацијата, а на маса ќе биде поглавјето 23, кое се однесува на правосудсвото и темелните права. На овој прв објаснувачки скрининг Европската комисија ќе ги презентира правните норми во ЕУ на македонската делегација . Нашите претставници ќе имаат можност, во предвидените состаноци со експертите на Комисијата, да поставуваат прашања во врска со моменталната усогласеност на нашето законодавство со европското, и за насоките во кои би требале да се движиме.
Поглавјата 23 и 24 се клучни за процесот на пристапување на земјата кон Европската Унија. Тие ги опфакаат прашањата на судството, корупцијата, граганските права и безбедноста. Но, тоа се само две поглавја, од вкупно 35 , за кои Европската Комисија поединечно треба да направи скриннзи и да изготви извештаи и оценки за тоа до каде е земјата во соодветниот сектор.. Целиот тој процес треба да заврши до јуни, за кога е најавен почетокот на пристапните преговори со ЕУ.
Во делегацијата ќе има претставници од повеќе министерства и институции, како и техничкиот преговарач и советник за евроинтеграции Бојан Маричиќ.