Економија, финансии, бизнис

Контакт

„ДЕНЕС ЗАГУБИВМЕ СИТЕ“: Почина Боби Ле Петит, сопственик на познат локал во Скопје

„ДЕНЕС ЗАГУБИВМЕ СИТЕ“: Почина Боби Ле Петит, сопственик на познат локал во Скопје

Со длабока тага денеска Автокоманда и целата општина Гази Баба се простуваат од својот сограѓанин Боби Ле Петит (Стојковиќ). Веста за неговата смрт брзо се прошири.

Градоначалникот на Општина Гази Баба, Бобан Стефковски, преку социјалните мрежи изрази длабоко сочувство и ја истакна неговата добрина:

„Си замина Боби Ле Петит… Човек со големо срце, хуманист, пријател, вистински другар. Лавовски се бореше, но за жал не успеа. Не постои човек кој за него ќе каже лош збор“, напиша Стефковски, додавајќи „Денес загубивме сите, не само неговото семејство. Загуби Автокоманда и цела Гази Баба. Искрено сочувство до семејството Стојковиќ. Ќе останат спомените по кои засекогаш ќе го паметиме Боби! Збогум пријателе“.


Слично

Поврзани вести