Денес временските услови без големи изненадувања
Поголеми изненадувања во врмеменските прилики не се очекуваат ниту денес со тоа што продолжува периодот на високи летни температури. Сончево и многу топло ќе биде времето и денеска во Македонија, со утринска температура од 17 до 22 степени, а дневна од 30 до 40 степени. Попладне ќе има локално зголемување на облачноста и услови за изолирана појава на краткотраен дожд со ретки грмежи.
Во Скопје, исто така ќе биде сончево и многу топло и ќе дува слаб до умерен ветер претежно од југоисточен правец. Утринската температура ќе достигне до 21 степен, а дневната температура до 38 степени. УВ индексот и понатаму ќе биде многу висок со вредност 9.
Стабилно и топло време под влијание на многу топла воздушна маса, ќе има до петок, а промена се очекува од сабота, кога ќе има зголемување на облачноста и локален дожд со ретки грмежи.
