Денес вистинска пролет: Еве какво време ќе имаме викендов
Последниот работен ден од оваа недела почна со магла во повеќе региони, меѓутоа како што одминува денот времето ќе носи расчистување.
Претежно сончево време не очекува овој петок. Најавата на метеоролозите е дека температурите ќе се искачат до 25 степени целзиусови. Ќе дува умерен ветер од југозападен правец.
Слично време со температури до 26 максимални дневни не чека и во сабота.
Сончево и топло со слаб до умерен ветер претежно од западен правец, додека облачноста ќе се зголемува попладне. Мала промена со дожд и нестабилност се најавува за недела.
Прогноза за 10.04.2022

Минимална температура: 4°C до 10°C Максимална температура: 12°C до 18°C
Прогноза за 11.04.2022

Минимална температура: 0°C до 6°C Максимална температура: 11°C до 19°C
Прогноза за 12.04.2022

Минимална температура: -3°C до 5°C Максимална температура: 12°C до 20°C
