Денес висок УВ индекс: Временска прогноза
Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне и во вечерните часови во северените делови ќе има изолирана нестабилност со пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен, а вдолж Повардарието повремено засилен ветер од северозападен правец. УВ= 9 - Ова е најавата на УХМР за временската прогноза за овој вторник. Температурите ширум државата максимално ќе достигнат од 28 до 36 степени. Во Скопје времето ќе биде сончево и топло, попладне со умерен развој на нестабилна облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти до 15, а максималната ќе достигне до 34 степени. Многу топло време не очекува и во среда и четврток, додека во попладневните часови ќе биде нестабилно.
