Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕНЕС ВИСОК УВ ИНДЕКС: Еве какво време не очекува

ДЕНЕС ВИСОК УВ ИНДЕКС: Еве какво време не очекува

Денес според метеоролозите не очекува вистинско лето.

Во текот на целиот ден се очекува сонце и повисоки дневни температури.

Најтопло ќе биде во Гевгелија со максимални 39 степени целзусови, додека во југозападниот дел од земјата се очекуваат максимални 29 степени.

УВ индексот ќе изнесува 9.

Поради високиот УВ индекст надлежните апелираат до граѓаните да не излегуваат на отворено во периодот од 11 до 17 часот, да носат светла облека, да пијат повеќе течности, односно вода, да се консумира лесна храна.

Во Скопје исто така според синоптичарите се очекува сончево и многу топло време, со максимални 39 степени.

Според управата за хидрометеоролошки работи следува период на многу топло време со максимални дневни температури кои насекаде ќе бидат над 30, а утре и во среда на повеќе места ќе надминат и 35 степени. Зголемената влажност на воздухот ќе допринесе да се има чувство дека температурите се повисоки од измерените. Од среда до петок во попладневите часови ќе има услови за локален пороен дожд и грмежи.


Слично

Поврзани вести