Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес топло, но нестабилно

Денес топло, но нестабилно

Сончево и топло со мала до умерена локална облачност. Попладне на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град. Ова е најавата на УХМР за денес.

Што се однесува до температурите максималната дневна ќе се искачи до 38 степени во гевгелискиот регион.

Во Скопје, сончево и топло до 33 степени, попладне ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме . Западниот и Источниот регион очекуваат температури под 30 степен.

Утре ќе се задржи топло време, но во попладневните часови на повеќе места ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а локално процесите ќе бидат во форма на невреме со засилен до силен ветер и појава на град.

И во делови од Скопската котлина ќе биде нестабилно со пороен дожд, грмежи, засилен ветер и услови за појава на краткотрајно невреме.

В петок ќе дува засилен северен ветер, а во деновите од викендот се очекува постепено стабилизирање на времето.


Слично

Поврзани вести