Денес Совет за безбедност кај Пендаровски , ќе се разговара за безбедносниот систем и Авганистанците
Претседателот Стево Пендаровски за денеска свика седница на Советот за безбедност кој ќе се одржи во неговиот кабинет точно напладне.
Покрај редовните членови, поканети да присуствуваат се и директорот на Агенцијата за национална безбедност, Виктор Димовски, директорот на Агенцијата за разузнавање, Еролд Муслиу, директорот на Центарот за управување со кризи, Стојанче Ангелов и директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Беким Максути.
На седницата ќе се разговара за лицата од Авганистан прифатени на нашата територија, како и за тоа како е поставен системот за управување со кризи на национално ниво
Слично
