Денес сончево и стабилно, еве колку ќе бидат температурите
Последниот работен петок од овој месец, временската прогноза ни носи прилично стабилно време.
Ќе биде сончево со максимални дневни температури од 31 до 38 степени, додека во Скопје максималната дневна ќе се искачи до 35 степени.
Попладнето во планинските предели е можна мала нестабилност со краткотрајни поројни дождови.
Викендот ќе биде прилично стабилно, но попладневните часови се најавуваат поројни дождови и грмежи.
Од недела се очекува и пад на температурата.
Слично
