Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес родителите од Кочани ќе предводат протест од плоштад „Македонија“ во Скопје

Денес родителите од Кочани ќе предводат протест од плоштад „Македонија“ во Скопје

Денес попладне со почеток во 12:05 часот, ќе се одржи 30-тиот протестен марш под мотото „Марш за ангелите“ пред почетокот на судењето на судењето за обемниот случај по пожарот во дискотеката „Пулс“ во Кочани.

Настанот ќе започне од плоштадот „Македонија“ и ќе продолжи кон Собранието и Кривичен суд, соопштија организаторите од иницијативата „Кој е следен?“ заедно со „Здружение на граѓани 16ти Март 2025“ од Кочани.

„Свесни сме дека патот до правда ќе биде долг и тежок, исполнет со отпор и искривени намери. Но ако ја пронајдеме заедничката точка на сплотување и ако застанеме еден до друг, системот нема да има друг избор освен да постапи онака како што бара народот“, велат организаторите во своето соопштение.

Маршот предвидува неколку говори и обраќања пред Собранието и Кривичниот суд, додека на самиот почеток на плоштадот „Македонија“ ќе бидат дадени две централни изјави од организаторите.

Од иницијативата упатија повик за масовно присуство, нагласувајќи дека единството и јавниот притисок се клучни за исполнување на целите на протестите.


Слично

Поврзани вести