Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес промени во временската прогноза еве што не очекува

Денес промени во временската прогноза еве што не очекува

Последниот ден од оваа работна недела ќе ни донесе нова промена на времето. Не станува збор за особено голема промена во секој случај.

И ова утро ќе биде студено, со појава на слаба магла и ниска облачност по одделни котлини.  Минималната температура во северниот и западниот крај ќе се спушти во интервалот помеѓу -6°С и -11°С а постудено ќе биде во малешевијата и југот на Пелагонија,  каде наутро се очекува температурата да се спушти до околу -14°С. 

Гевгелиско-дојранскиот регион наутро очекуваат температура околу -3°С, пишува метеопро.

Претпладне ќе имаме позначајно наоблачување во западниот и јужниот крај. Од оваа облачност ќе имаме услови за слаб снег во планинскиот дел во западниот крај од земјава, додека во понискиот дел се очекуваат слаби врнежи од дожд. 

Скопскиот крај го очекува ниска облачност наутро со услови за појава на слаба магла.  Во текот на денот ќе имаме позначајно наоблачување, но без услови за врнежи. Минималната температура ќе се спушти до околу -9°С, а максимална вредност ќе достигне до околу 4°С.

Слично

Поврзани вести