Економија, финансии, бизнис

Контакт

Оставката на Богоевски и одземањето на мандатот на Груевски денес се враќаат во фокусот на јавноста

Оставката на Богоевски и одземањето на мандатот на Груевски денес се враќаат во фокусот на јавноста

Откако минатата недела на самиот старт без да биде утврден дневниот ред заврши седницата на комисијата за мандатно-имунитетски прашања, денеска претпладне продолжува истата за одземање на мандатот на пратеникот Никола Груевски, откако поранешниот премиер по шест месеци од бегството во Унгарија го исполни условот за тоа. Во меѓувреме интересот на јавноста за оставката на Богоевски и скандалот со прислушкуваниот разговор се намали бидејќи фокусот беше пренасочен на кадровските промени и оставките во владеачкиот СДСМ.

Единствено е познато дека Богоевски нема да ја води комисисската седница како нејзин претседател затоа што е во оставка и истата должност ќе ја превземе заменичката Снежана Калеска - Ванчева. Опозицијата сакаше во дневниот ред да ја внесе како точка и одговорноста на Богоевски за нарушување на етичкиот кодекс, но истата беше прекината откако тој ја најави својата оставка по гласањето.

Од ВМРО-ДПМНЕ синоќа истакнаа дека се уште не е завземен конечен став за тоа како ќе гласа, додека пак портпаролот на СДСМ, Костадин Костадинов, ги повика да покажат „пред граѓаните дека никој не смее да биде заштитен како поладна мечка“.


Слично

Поврзани вести