Денес пристигнува и втората тура бегалци од Авганистан
Нова група Авганистанци попладнево треба да пристигнат во Скопје.
Tие ќе пристигнат на Меѓународниот аеродром Скопје по 16 часот, соопштија од Владата. Ова ќе биде втора група Авганистанци кои ќе пристигнат во Македонија откако во нивната земја власта ја презедоа Талибанците. Во првата група имаше 149 лица, меѓу кои и жени и деца. Тие допатуваа на 31 август и во најголем дел се работи за луѓе што работеле за меѓународни организации и нивните семејства. Бидејќи сме во време на пандемија, тие беа тестирани на коронавирусот. Позитивни немаше. Во регионот, Косово и Албанија прифатија бегалци од Авганистан.
Слично
