Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕНЕС ПРЕСУДА ЗА НАЈТЕШКИОТ ГРАБЕЖ СО ПАРИ: Ќе има ли максимална казна за ограбувачите на НЛБ банка?

ДЕНЕС ПРЕСУДА ЗА НАЈТЕШКИОТ ГРАБЕЖ СО ПАРИ: Ќе има ли максимална казна за ограбувачите на НЛБ банка?

Ограбувачите на НЛБ банка денеска ќе ја слушнат пресудата за случајот кој е еден од најтешките грабежи во историјата на земјава.

Во основниот суд во Скопје денеска ќе се донесе одлуката за милионскиот грабеж кој ја потресе НЛБ банка.

Бобан Смилевски, Горан Смилевски, Борис Мичевски и Мирослав Каевски не кажуваат каде се парите кои ги украдоа а може да дочекаат и максимална затворска казна од 10 години.

Смилевски првиот осомничен ја призна вината, рекол дека парите ги украл оти бил во долгови и тој и семејството биле под закани а на останатите осомничени во случајот им се извини и нивните казни ги побара за себе.

„Делото не е од лукративна причина и не е да се оствари имот за себе или било кој друг. Сум бил во долгови и во последните два месеци бев под закани јас и семејството. Губењето самоконтрола ме доведе до ова. За себе можам да кажам дека сум бил пример во приватниот живот, општеството, а до кражбата за себе можам да кажам дека не сум бил криминалец, ниту имам криминален ум. Еднаш во животот сум згрешил и по настанот сум се пријавил кај директор.  Второ и третообвинетиот ненамерно сум ги вмешал, за себе ги барам и нивните казни. Колку е поблага казната и колку побргу се вратам во општество ќе почнам побрзо да придонесувам“, рече на последното рочиште првиот обвинет во случајот со грабежот на НЛБ банка трезористот Бобан Смилевски.

Смилевски и се извини и на банката за  нарушениот углед, им се извини на своите родители за нанесениот стрес и срам, на својата сопруга која ја оставил со две малолетни близначиња, на својот внук кој го оставил без татко. Неговиот брат е второбвинет во случајот, а обвинителството и за двајцата бара максимална десетгодишна казна затвор.

Единствена олеснителна околност која може да им ја намали казната е тоа што обвинетите немаат кривични дела досега.

Обвинетите ќе ја слушнат пресудата за најтешкиот грабеж на пари во историјата на Македонија.

Слично

Поврзани вести