Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес потопло, во среда повторно дожд

Денес потопло, во среда повторно дожд

Времето денеска ќе биде сончево и потопло со мала до умерена локална облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе биде во од 10 до 20, а максималната до 37 степени. 

Во Скопје, ќе биде сончево со мала локална облачност и со слаб претежно северен ветер. Минималната температура ќе се спушти до 19, а максималната ќе се искачи до 35 степени.

До вторник времето ќе биде стабилно со постепен пораст на дневната температура. Во среда повторно ќе има појава на локален пороен дожд, а во четврток претежно во планините ќе има услови за краткотраен дожд. Вчера имаше врнежи од дожд во земјава. 

Слично

Поврзани вести