ДЕНЕС ПОТОПЛО ОД ВЧЕРА: Еве до колку ќе се движат температурите
Максимални дневни 21 степен за денес се најавуваат од УХМР.
Метеоролозите соопштија дека нѐ очекува прилично потопло време за разлика од вчерашниот ден.
Се очекува и слаб до умерен ветер , додека нестабилно ќе биде утре кога се очекува дожд, грмежи но и силен ветер.
Температурите утре ќе бидат во мал пад.
Стабилизација на времето се очекува од петок кога температурите ќе се искачуваат и до 27 степени во текот на денот.
Прогноза за 08.04.2022

Минимална температура: 2°C до 8°C Максимална температура: 17°C до 26°C
Прогноза за 09.04.2022

Минимална температура: 3°C до 9°C Максимална температура: 18°C до 27°C
Прогноза за 10.04.2022

Минимална температура: 4°C до 10°C Максимална температура: 13°C до 19°C
Слично
