Денес посвежно, но и постабилно време
Во понеделник рано наутро сеуште ќе има повремен дожд во источниoт регион. Претпладнето во поголем дел од земјата ќе помине во умерена облачност со подолги сончеви периоди. Попладне ќе има слабо изразена нестабилност во северниот регион од земјава, додека повремен слаб дожд може да се очекува во дел од источниот регион. Мала веројатност постои за повремен дожд и во поширокиот охридски крај. Вечерта носи разведрување низ поголем дел од Македонија
Наутро ќе биде релативно топло, а минималанта температура низ котлините нема да се „спушти под 12°С, пишуваат од Метеопро.
Очекуваме максимална дневна температура до 27°С долж јужниот тек на Вардар, додека во северниот тек ќе биде посвежо, околу 24°С. Низ местата во југозападниот крај максималната ќе има вредност околу 22°С
Во Скопје се очекува променливо време со сончеви периоди со услови за дожд попладне. Минималната дневна температура ќе се спушти до 16°С. Највисоката дневна температура ќе има вредност околу 24°С.
