Економија, финансии, бизнис

Контакт

ДЕНЕС ПОСЕБЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ: Од МВР објаснуваат каде и колку ќе биде блокиран градот

ДЕНЕС ПОСЕБЕН РЕЖИМ ВО СКОПЈЕ: Од МВР објаснуваат каде и колку ќе биде блокиран градот

Денеска (01.10.2025) во периодот од 10.00 до 12.00 часот поради одржување на протест, за сообраќај ќе бидат затворени бул.„Гоце Делчев“ на потегот од крстосница со ул.„Филип 2-ри Македонски“ до крстосница со бул.„Св.Климент Охридски“ во насока на движење кон Влада на РСМ и бул.„Илинден“ во двете насоки на движење на потегот од крстосница со бул.„Св. Климент Охридски“ до крстосница со бул.„8-ми Септември“ во Скопје, информираа од МВР.

„Од тие причини Единицата за безбедност на патниот сообраќај ќе преземе мерки за посебен режим на сообраќајот во централното градско подрачје на Град Скопје. СВР Скопје апелира до сите граѓани учесници во сообраќајот да се почитуваат наредбите кои ќе ги даваат полициските службеници“, велат оттаму. 


Слично

Поврзани вести