Економија, финансии, бизнис

Контакт

Денес одлука: Ќе си замине ли Села официјално од Владата?

Денес одлука: Ќе си замине ли Села официјално од Владата?

Алијансата за Албанците денеска ќе одлучи дали и натаму ќе остане дел од власта или пак оди во опозиција.

Ваквиот развој на настаните се наметнува откако кадар на Алијансата нема да раководи во Министерството за здравство.

Пред два дена, премиерот Заев изјави дека владините партнери веќе се договориле за испразнетите министерски места и дека предлозите се веќе испратени до Собранието. 

Села не беше задоволен за тоа што му е одземен ресор што првично им припаѓаше ним и изјави дека не држат „вода“ оправдувањата дека само поради квалитетите на Арбен Таравари тие го добиле здравството.

Понуденото место вицепремиер за реформи, Села го спореди со министерство за носење бурек и го „отстапи“ на ДУИ.

Централното собрание на партијата денес треба да одлучи во кој правец ќе се движи партијата.

Според нив отворени се и двете варијанти, да останат во Владата или пак да ја напуштат, но да ги поддржуваат законите кои се во интерес на Албанците и на евроатланските интеграции на земјата.


Слично

Поврзани вести