Денес нова седница на Антикорупциска, ќе бидат ли комплетирани документите за вработувањата?
Комисијата за спречување на корупцијата за денеска закажа нова седница, а на истата ќе биде се очекува да биде обелоденето дали сите државни претпријатија и установи од кои тоа се бараше да ја достават целокупната документација за начинот на кој се нововработени блиски до јавни функционери.
Рокот истекуваше до крајот на минатата недела, а претходно беше упатена закана за прекршочна пријава од страна на Антикорупциска за оние институции кои нема да ги достават материјалите.
На дневен ред се усвојување на Стратегија за заштита на укажувачите, до каде е напредокот во реформите на телото што се бара од меѓународната организација, како и постапување на ДКСК по конкретни предмети.
Инаку Комисијата објави барање до институциите со рок од 15 дена да достават образец со податоци од новите функционери, како и од оние кои се разрешени.
